На социјалната мрежа Фејсбук минатата ноќ е направена група „Тијана Јуриќ-Како да се дојде до неа?“. Тука се напишани условите под кои таа ќе биде пуштена.
Киднаперите побарале пари инаку во спротвност се заканиле дека ќе започнат да ја измачуваат.
-Сакаме во замена за Тијана Јуриќ еден милион динари, таа моментално се наоѓа на безбедно место, ако во рок од 7 дена не ги добиеме парите, полека ќе почнеме да ја мачиме. Парите треба да бидат уплатени преку на следнава жиро сметка: 160-335001-90. Очекувајте нови слики од лице место, Вашите киднапери- пишува на оваа страница.
Под ова е напишан текст на унгарски, англиски, албански и француски јазик.
За сега не е познато дали се работи за невкусна шега, а полицијата наводно е известена за ова и се чека нејзината реакција.
Со пребарувањето на жиро сметката, како што пишуваат српските медиуми, се доаѓа до податок дека нејзиниот сопственик е приватен претприемач од Сјеница, Нермин Ф., кој во своја сопственост има киоск за скара.
Групата во меѓувреме е укината.