Ресен беше во паника по веста дека е грабната девојка. Драмата заврши откако грабнувачот сам се пријавил во полициска станица.
Како што информираа од МВР на 23 август во полициската станица Ресен неповикано дошле Р.К. (18) и У.В. (20).
Осуманесетгодишната Р.К. била вратена на семејството, а У. В, задржан во полициска станица.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на кривичното дело.