Најмалку 51 човек, меѓу кои и шестгодишно момченце, загинале во четвртокот во руски напад врз село во областа на Харков, на североистокот од украина, објавија украинските власти.
Гувернерот на Харковската облас, Олех Синехубов, изјави дека околу 13,15 часот во селото Хроза, во округот Купјанск, бие нападнати кафуле и продавница, каде тогаш и покрај воената состојба се наоѓале многу цивили.
„Спасувачите продолжуваат да работат на местото на настанот“, објави Синегубов на комуникациската платформа Telegram.
Киевски функционери објавија снимки на коишто се гледаат спасувачи како се качуваат на урнатини од кои се крева чад и тела коишто лежат крај бетонски плочи и свиткани метали.
Агенцијата Reuters наведува дека досега не можела да ја потврди автентичноста на снимките, како и дека не е јасно дали руските сили го гранатирале или го погодиле со проектил.
Руското Министерство за одбрана засега не го коментираше нападот, а во прелиминарниот дневен брифинг за четвртокот за воените операции не е споменето дејствување во областа на Харков.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој присуствува на самитот на челниците на Европската унија во Шпанија, коментирајќи го овој напад кој се повторува додека тој е надвор од земјата на меѓународен самит, рече дека „рускиот терорт треба да виде запрен“.
„Сега разговараме со европските водачи, особено за јакнењето на нашата протуввоздушната одбрана, за оснажување на нашите војници, за давање заштита на нашата земја од терирот“, објави Зеленски на Telegram.