![kiev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/kiev.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Владата на Украина до парламентот го поднесе предлог државниот буџет за следната година, со кој што се предвидува дефицит од 6,86 милијарди долари.
Како што се наведува во предлог законот за државен буџет, се предвидува државниот буџет да има вкупна вредност од 7,44 милијарди долари. Приходите се предвидени да бидат на ниво од 49 милијарди долари, а расходите од 55,91 милијарди долари.
Нацрт буџетот предвидува минималната заработка во земјата од први октомври следната година да биде зголемена за 6,8 отсто на 162,63 долари, а од јули минималните трошоци за живот ќе се зголемат за 2,56 отсто, на 150,88 долари.
Предвидено е денеска пратениците да расправаат за предлог буџетот.