Украински војници сè уште има во окупираниот источен украински град Бахмут, соопшти официјален Киев по тврдењата од Русија дека нејзините сили го зазеле целиот град по неколкумесечни борби.
„Нашите војници контролираат одредени објекти во Бахмут и секторот со семејни куќи во областа ‘Авион’ (Літак/Самолет), соопшти заменик-министерката за одбрана Хана Малиар на Telgram.
Тврди дека борбите продолжуваат околу ридовите северно и јужно од градот, и оти руските трупи носат дополнителни резерви.
„Одбраната на Бахмут ја исполнува својата воена задача“, истакнува Малиар додавајќи дека „офанзивниот потенцијал на непријателот е значително намален и се нанесени огромни загуби на непријателот“.
Според неа, украинската армија „добила на време“ за одредени дејствија.
Во саботата шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин објави дека неговите борци ја преземале целосната контрола врз Бахмут, што го потврди со куса објава и руското Министерство за одбрана. Украинскиот претседател Володомир Зеленски во саботата на маргините на самитот на Г7 во Хирошим, како што пренесоа светските агенции, прво ги потврдил падот на Бахмут, но подоцна неговиот портпарол и самиот тој тврдеа дека било лошо преведен неговиот одговор, и дека украинските сили сѐ уште се борат за градот, но потврдија дека ситуацијата е „критична“.