Киев ги предупреди жителите на Херсон да го напуштат регионот зашто подготвува противофанзива

Заменичката на украинскиот премиер Ирина Верешчук во неделата ги предупреди жителите на проруската украинска покраина Херсон која повеќе месеци е под контрола на сепаратистичките сили и руската војска да ја напуштат

Претходно во неделата локаните власти во Херсон, кој пред војната имаше над 300.000 жители, објавија дека украинската војска извела уште едно ракетирање врз регионот, во кој била погодена градската општа болница во самиот град и уште една приватна куќа.

Сегашните власи на Херсон посочуваат дека во гранатирањата врз областа украинските сили ги користат неодамна добиените од САД повеќекратни ракетни лансери HIMARS, оценувајќи дека Киев ги користи за гаѓање на цивилни цели со цел да го казни локалното населени кое масовно се определило за присоединување со Русија.

„Нацистите од вооружените сили на Украина стрелаат врз станбените области во Херсин, фрагменти од проектилите од HIMARS паѓаат од небото“, се вели во објавата

„Јасно е дека ќе има борби, гранатирања.. и поради тоа ги повикуваме луѓето на итна евакуација. Сигурна сум дека таму ќе има жени и деца и тие не смеат да бидат човечки штит“, реле Верешчук и додаде дека не знае кога „противоанзивата ќе започне“.

Таа ја користеше терминологијата којашто инаку од почетокот на борбените дејствија, па и деновиве ја користи руското министерство за одбрана којашто ја обвинува украинската војска дека своите огнени цели ги сместува во цивилна инфраструктура како што се детски градинки, училишта, болници и станбени населби, како и дека не им дозволува евакуација на цивилите, како и при опсадата на Мароупол, користејќи ги како човечки штит од руските напади. Во саботата и неделата Москва предупреди дека украинските единици во преостанатиот дел од одметнатата доминантно руска и рускојазична област Доњецк повторни се утврдуваат во станбени населби каде во заточеништво ги држат цивилите.

Регионот Херсон се наоѓа во јужна Украина и се граничи со Крим. Руското Министерство за одбрана во средината на март соопшти дека руските трупи ја презеле целосната контрола врз регионот. Кон крајот на април таму беше формирана воено-цивилна администрација. Регионалните власти подоцна објавија планови за приклучување кон Русија.

Во мај властите на регионот Херсон објавија дека ќе се обратат до рускиот претседател Владимир Путин со барање за вклучување на регионот во Русија. Тогаш шефот на проруската администрација Владимир Салдо истакна дека регионот веќе е составен дел на големото семејство, како и дека нема да прогласува ткн народна република по примерот на Луганск и Доњецк.

Кремљ истакна дека одлуката за иднината на Херсонската и Запорошката област треба да ја донесат самите тамошни жители, а во саботата од Москва најавија дека во териториите кои ги нарекува „ослободени“ украинскиот јазик ќе продолжи да се користи и во училиштата.