Врховното собрание на Украина го распушти врховниот совет, односно собранието на Автономната република Крим, јавуваат украинските медиуми.
Оваа одлука ја донеле 278 пратеници, а вршителот на должности шеф на државата и претседател на собранието, Александар Турчинов, изјавил дека одлуката стапува на сила веднаш.
Пратениците го поддржале налогот на собраниските одборници да ја применат одлуката за распишување на предвемени избори на Крим.
Иницијатор на распушањето, како што се наведува, бил Турчинов.