Киев: И студентите започнаа протест

Протестите започнаа по одлуката на државното раководство да ги прекинат преговорите за потпишување на договорите со Европската унија и повеќе да се фокусираат кон Русија.

Околу 3.000 студенти од Универзитетитево Киев излегле на протестен марш, повикувајќи го претседателот на државата, Виктор Јанукович, да се предомисли и на самитот на ЕУ сепак да го потпише договорот како што претходно било најавено.