Украинското Министерство за надворешни работи ја повика меѓународната заедница да не ја признава „Република Крим“, која во понеделникот прогласи независност од Украина, пренесе „АФП“.
Во соопштението министерството истакна дека се упатува овој апел до светот, поради фактот дека независноста на Крим е прогласена од нелегитимен орган, по неуставен референдум. Киев се обрати кон меѓународната заедница и со барањето да не го признава договорот кој Русија и Крим може да го склучат за пристапувањето на украинскиот регион кон руската територија.