Западните компании ѝ испорачале на Русија делови во вредност од 2,9 милијарди долари кои можат да се користат за воено производство во првите десет месеци од 2023 година и покрај санкциите, тврдеше во средата кабинетот на украинскиот претседател.
Киев врши притисок врз своите сојузници да ги заострат санкциите кон Русија и да спречат заобиколување, тврдејќи дека Москва продолжува да увезува воени стоки за војната во Украина. Меѓутоа, таквите западни санкции би се однесувале и на други земји, што би ги усложнил односите со нив на ткн колективен Запад.
Рускиот увоз на воена стока во 2023 година изнесувале 90 отсто од нивото пред почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, тврди во соопштението кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.
Кабинетот се повикува на наводно истражување на работната група предводена од шефот на канцеларијата на Зеленски, Андриј Јермак, заедно со поранешниот американски амбасадор во Москва, Мајкл Мекфол. Истражувањето се фокусирало на обидите на Русија да ги заобиколи санкциите за воената стока.
„Производи на повеќе од 250 западни компании се пронајдени во примероци на уништено или запленето руско оружје“, тврдат од кабинетот на Зеленски.
Економскиот факултет во Киев, кој учествувал во истражувањето, објави дека во руската воена опрема се пронајдени речиси 2.800 странски делови, вклучително и за хиперсонични ракети „Кинжал“.
„Всушност, 95 отсто од сите делови пронајдени во руското оружје на бојното поле доаѓаат од производители во земјите од коалицијата, а 72 отсто само од компании со седиште во САД“, се вели во студијата.
Русија, вообичаено, не ги коментира ваквите објави на Киев.