Украинските вооружени сили распоредиле повеќецевни ракетни системи од типовите „Смерл“ и „Урган“ во Донбас и се подготуваат за офанзива, а во облста се префрлени и британски спцецијалци, предипредија во петокот од Народната милиција на самопрогласената Народна Република Донецк, доминатно населена со руско и рускојазично население и која граничи со Руската Федерација.
„Командата (…) фиксираше подготовка на единците на вооружените формации на Украина за покренување активни борбени дејствија“, изјавиле за новинарите претставници на проруските бунтовници во Донецк.
Според нив, таквиот заклучок е изведен врз основа на добиените разузнавачки податоци.
„На железничката станица во Красниармејск (која е под контрола на силите лојални на Киев), беа истоварени шест системи за повеќекратно лансирање ракети Смреч и два Ураган со касетна муниција (забранета со меѓународните конвенции)“, додал неименуван претставник на бунтовничките сили.
Додале дека, освен тоа, на полигонот на базата на 25-та бригада на укранската војска, се регистрирани интензивни подготовки, поради што во Донец постои стравување за можни провокации со употреба на боеви отрови и хемиски средства.
Бунтовничките сили, исто така, имаат сознанија дека изминатите две седмица во зоната на раздвојување на конфронтираните страни биле распоредени мешани единици на националистичката паравојска „Десен сектор“ и снајперисти од 74-от извидувачки баталјон и специлната единица „Алфа“ на расузнавањето – Службата за безбедност на Украина (СБУ).
„По целата линија на раздвојувањето е забележано зголемување на некриталеските извидувачки активности си помош на беспилотни летала. Постојано се носи најразновидна муниција во теренските артилериски складишта во зоната“, додале до донецката милиција.
Прецизирале дека 2.000 противтенковски рактени флрачи класифицирани NLAW им се предадни на укранските владини сили. Се претпоставува дека тие ќе бидат распоредеи во јуришните групи на 25-та и 95-та воздушно-десантна брогата и на борците на ткн „националистички баталјони“.
Во Донецк, исто така, истакнале дека британските инструктори веќе извеле обуки во 199-от обучен центар на укранската војска во регионот на Житомир. Претходно медиумите објавија дека за таа цел Лондон во Украина дошле 30 припадници на британската новоформирана елитна единица. Вкупно, според податоците на силите во Донецк, украинските сили последните неколку дена добиле повеќе од 470 тони различно офанзивно оружје доставено од Велика Британија.