Киев предупредува дека Русија во Украина собира искуство за војување со НАТО

Руската армија собира информации и искуство за војување со силите на НАТО, соочувајќи се на боиштето во Украина фактичко со целосна поставеност на Алијансата, предупреди вицепремиерката за евроатлантска интеграција Олха Стeфанишина во интервју за магазинот Newsweek.

Вицепремиерката истакнува дека Москва станува посилна поради „нерешителноста која ја демонстрира демократскиот свет“. Според Стефанишена, војната во Украина ѝ дава на Русија „искуство за борба фактички со армијата на НАТО, којашто веќе е обучена во согласност со стандардите на НАТО, командните синџири на НАТО и е опремена со најнова опрема на НАТО“.

„Верувајте ми, нивните служби собираат информации и податоци“, додаде украинската вицепремиерка апелирајќи до западните политичари „да не бидат кратковиди“.

Стефанишина притоа истакна дека Киев ќе се откаже од мирот секогаш кога Москва „ќе претставува каква и да е воена закана“.