Од почетокот на вооружениот судир на Украина со руските сили, властите во Киев ангажирале околу 7.000 странски платеници, изјави во средата портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.
„Колективно Западот ги поддржува украинските националисти, и не само со оружје, туку и со кадар, испрајќи во земјата платеници, новни сопствени екстремисти воспитувани во различни точки од светот. Вкупно (…) Киевскиот режим привлекол во Украина околу седум илјади странски наемници од 63 земји“, тврдеше Захарова на брифингот за медиумите.
Додаде дека според податоците со коишто располага руското министерство за надворешни работи, најголем дел од таканаречените „кучиња на војната“ доаѓаат од Полска, САД, Канада, Романија и Грузија.
Истоврмено, истакна Захарова, властите на некои земји се противат но не можат да се спротистават на притисокот од Вашингтон во таквите дејствија. Додаде дека укранските амбасади во странство регрутираат платеници низ светот со помош на американските власи и служби.
Претходно во средата британскиот премиер Борис Џонсон ги повика руските власти „хумано да се однесуваат“ со Британците кои војувајќи во паравоените украински единици ги заробуваат руските сили.
„Ја повикуваме руската држава со хуманизам и сочувствување да се однесува (со заробениците)“, рече Џонсон обраќајќи се во британскиот парламент.
Коментирајќи ја ситуацијата со Ајден Еслин кој им се предал на руските сили во Украина, Џонсон изјави „Се надевам дека кон него се постапува со грижа и сочувствување“.
Во понеделникот двајца британски државјани кои во Украина им се предале на руските сили во емисија на телевизијата Россия 1 во понеделникот побараа од британскиот премир Борис Џонсон да посредува во нивната размена за упасениот во Киев украински опозициски политичар Виктор Медведчук.