Киев со обидел да протне свои шпиони со мисијата на IAEA во Запорожје, обвинуваат сепаратисти

Властите во Киев се обидоа да вклучат свои шпиони во делегацијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), во нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, која од почетокот на март е под контрола на руските сили, изјави во петокот Владимир Рогов, претседател на сепаратистичкото движење „Ние сме заедно со Русија“, член на главниот совет на привремената администрација на регионот Запорожје.

„Украинските специјални служби, по наредба на (украинскиот претседател Владимир) Зеленски, се обидоа да внесат свои шпиони и диверзанти, кои би работеле под маската на медиумско покривање на мисијата IAEA“, изјавил Рогов за агенцијата РИА.

Тој тврди дека наводниот таков план на украинските власти биле навремено откриен.

„Беше спречен обидот за инфилтрирање на шпиони и саботери под маската на украински новинари. Ним не им беше дозволен влезот на територијата на нуклеарната централа Запорожје“, рекол Рогов.

Во четвртокот мисијата на IAEA, откако по три седмици на тоа се согласи Киев, пристигна во нуклеарката Запорожје. Група челници на руската агенција за нуклеарна енергија „Росатом“ и членови на персоналот на централата кој е украински, ги водеа челновите на мисијата на IAEA и ги покажале оштетувања, како што се тврди од украинските гранатирања.

Челникот на IAEA, Рафаел Гроси, изјави дека инспекторите за неколку часа успеале да соберат многу информации. Шефот на оваа организација на ОН рече и дека ги видел „клучните работи што сакал да ги види“ и ги поврзал фактите. Додаде и дека осум членови на мисијата ќе останат уште извесно време во централата Запорожје, како и дека ќе се сретне со жителите на блискиот град Енергодар, кој исто така е под контрола на проруските сепаратисти и руските војски.

Во четвртокот руското министерство за одбрана објави дека украинската војска направила обид за истоварување на две јуришни диверзантски групи со вкупно 60 припадници на три километри североисточно од нуклеарката Запорожје. Според властите во Енергодар, 47 украински војници биле убиени, тројца се заробени а двајца се тешко ранети. Блокирани биле уште 12 војници. Руските трупи, покрај тоа, потопила две баржи (воени чамци) со диверзанти испратени да ѝ помогнат на првата група.

Рогов, кој е во водството на привремената воена-административна управа на регионот Запорожје, повикувајќи се на извори од окружувањето на украинскиот претседател Зеленски, дека диверзантската акција на украинската војска била изведена под надзор на британските специјални сили, а украинските диверзанти биле обучувани во Велика Британија и Полска.