Бројот на загинатите во руски ракетен напад врз станбена зграда ноќта кон неделата во Часов Јар на истокот на Украина во делот од одметнатата проруски област Доњецк кој сѐ уште е под контрола на украинските сили, се зголемил во понеделникот на 31, соопшти украинската спасувачка служба.
„Пронајдени се 30 тела. Девет лица се извлечени од урнатините“, објави на Facebook украинската служба за кризни состојба, додавајќи дека 31-то тело е лоцирано но сѐ уште не е извлечено.
Часов Јар е гратче со 12.000 жители во Доњецката област чие целосно заземање во административните граници од пред превратот во Киев во 2014 година е главната цел на проруските сепаратисти помогнати од руската војска, откако ги потиснаа украинските сили од соседната проруска Луганска област.
Репортерите на AFP, кои во неделата по ракетирањето биле на местото на настанот виделе делумно урната зграда, спасувачи и багер кои го расчистувале теренот.
Во понеделникот портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков изјави дека во нападот во Часов Јар „се убиени повеќе од 300 украински националисти“, но не ја спомена наводно погодената зграда, туку рече дека со високопрецизна ракета е погодена „позиција на украинските сили“.
Од почетокот на војната во Украина, руската војска предупредува, а така беше и пред почетокот на операцијата кај Часлов Јар, дека украинските сили своите огнени позиции ги поставуваат во станбени населби, во болници, училишта и детски градинки, недозволувајќи им на цивилите да се евакуираат користејќи ги како човечки штит.
Во понеделникот обвинителството во северниот украински град Харков објави дека шест цивили загинале а 31 е ранет, во утринско ракетирања.
„Околу 10 часот, агресорот отвори оган од повеќекратни ракетни лансери врз станбени област… 31 лице е рането, меѓу нив две деца од 4 до 16 години. Шест цивили загинаа, меѓу нив 17-годишник и нивниот татко“, се наведува во соопштението.
Олех Сињехубов, администратор на Харковската област именуван од Киев, тврди на социјалните мрежи дека наводно цел на ракетните удари биле „исклучиво цивилно области, трговски центар и куќи“.