Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан за време на утринскиот напад врз Украина во четвртокот, тврдат киевските воздухопловни сили, што би било првпат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел за време на војната
Нападот дојде откако Украина оваа седмица употреби американски и британски ракети со долг дострел за да нападне цели во Русија, нешто што Москва со месеци предупредува дека ќе се смета за голема ескалација.
Цел на рускиот напад биле компании и клучната инфраструктура во градот Днипро, соопштија воздухопловните сили, во услови на ескалација на 33-месечната руска војна во Украина.
Од соопштението за печатот не е јасно на што мета била истрелана интерконтиненталната балистичка ракета и дали ја предизвикала штетата, забележува Reuters.
Таквите ракети имаат дострел од илјадници километри и можат да се користат за испорака на нуклеарни боеви глави, иако можат да носат и конвенционални боеви глави.
Украинската противвоздушна одбрана соборила наводно шест крстосувачки ракети „Кх-101“ за време на нападот.
„Интерконтиненталната балистичка ракета е лансирана од Астраханската област на Руската Федерација“, соопштија од воздухопловните сили на Украина без да пружат докази
Не беше кажано, исто така, каква интерконтинентална балистичка ракета е наводно истрелана.