Киев вели дека амбасадорот на САД не ја поврзал директно истрагата за Бајден со воената помош

Украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко изјави во четвртокот дека американскиот амбасадор во Европската унија, Гордон Сондленд, експлицитно не го поврзал исловувањето на воената помош за Киев со отворањето истрага за корупцијата во која бил вмешан синот на поренешниот американски потпретседател Џо Бајден, пренесува агенцијата Интерфакс Украина.

Американската Демократска партија го обвинува републиканскиот претседател Доналд Трамп дека го уценувал украинскиот претседател Владимит Зеленски со замрзнување на речиси 400 милион долари воена помош за Украина, за Киев да отвори истрага за тоа дали поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој е најверојатен негови противкандидат на изборите во 2020-та влијаел да се смени украинскиот државен обвинител кој водел истрага за корупција во енергетката фирма „Bursima“ во чиј управен одбор бил неговиот син Даглас Бајден.

Хантер Бајден во 2014 година, по превратот во Киев, станал член на управниот одбор на најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma“ кога неговиот татко Џо Бајден стана главен човек во САД задолжен за Украина. Младиот Бајден земал 50.000 долари месечно иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергијата, Потпретседатлот Бајден му се заканил на тогашниот украински претседател Петро Порошенко со запирање на американската помош за да го присили да го отпушти главниот државен обвинител кој ја истражувал корупцијата во компанијата, а меѓу другите бил истражуван и Хантер Бајден.

„Амбасадорот Сондленд не ни кажувапе, а сигурно не ми кажуваше мене, за поврзаноста на воената помош со истрагата. Би требало да го прашате“, рекоч Пристајко,

Во средата Вилијам Тејлор, актуелниот американки амбасадор во Украина, сослушан јавно пред Комитетот за разузнавачки служби при Претставничкиот дом, рекол дека вработен во амбасадата го слушнал телефонскиот разговор меѓу Трамп и Сподленд, во кој наводно Трамп поставил прашања за истрагата за Џо Бајден и неговиот син, на што Сонделнд одговорил дека Украинците се подготвени да покренат постапка.

Овој телефонски разговор наводно се одвивал ден откако Трамо побарал навдоно од Зеленски побарал да покрене истрага.

„Никоша не видов директна поврзаност меѓу истрагата и помошта во безбедносната сфера, Да, истрагите се споменати во разговорит на двајцата претседатели, но не постоеше јасно поврзување меѓу овие случаи“, рекол Пристајко.

Претседателот Трамп во средата рече дека е премногу вработен за да ги гледа првите јавни сослушувања во истрагата за неговото отпповиквуање. „Имам премногу работа за да го гледам тоа. Тое е лов на вештерки, тоа е залажување, имам премногу работа за да го гледам тоа“, има одговори на новинарите во Белата куќа.

Уште десетина сослушувања се предводени во Конгресот до 20-ти ноемри. Со ваквото брзо темпо демократите порачуваат дека не сакаат да губат време имајќи го предвид моното гласање за отповикување на американскиот претседател во Конгресот. А бидејќи републиканците имаат мнозинство во Сенатот, малку е веројатно дека Трамп ќе биде отповикан, зашто главниот збор го има гормиот дом каде што треба ада му се суди.