Киев вели дека Русија ги преместува силите за да ја опколи украинската војска на истокот

Русија ги прегрупира силите од северна во источна Украина за да ги опколи украинските сили, што всушност е главната цел на Москва од почетокот на нејзината офанзива на 24-ти февруари, а некои единици ги остава во близина на главниот град Киев за таму да врзе дел од украинската војска, изјави во средата советникот на украинскиот претседател, Алексеј Арестович.

„Иако Русија повлекува некои сили од (околу) Киев, и натами ќе остави одредени сили тука (близу Киев) за тука да ги врзе нашите сили“, изјави Арестович во телевизиските коментари.

Руските сили, исто така, гранатирале речиси сите градови долж линијата на фронтот која ги одвојува териториите под контролата на украинската влада од подрачјата под контрола на сепаратистиет кои ги поддржува Русија во источната област Донбас, рече регионалниот гувернер, а градски борби се водат во јужниот пристанишен град Мариупол каде руските и проруските сили ги чистат остатоците од украинските сили. Според Арестович, во Мариупол половината град го заземале руските сили.

Регионалот гувернер Павло Кириленко изјавил за телевизиите дека стиуацијата би можела да се влоши бидејќи руските сили своите операции сега ги насочуваат исклучиво во заземањето на целата административна територија на регионите Донецк и Луганск пред превратот во Киев во 2014 година.

Украинските власти известуваат за гранатирање во околината на Киев и северниот регион кај Чернигов во средата, и покрај ветувањата на Русија дека таму ќе ги намали борбените операции.

Заменикот киевски градоначалник на Киев, Микола Поворозник, изајви дека самиот главен град не бил гранатиран преку ноќта. „Ноќта мина релативно мирно, со звуците на сирените и пукање, но во самиот град немаше гранатирања“, рече.

Гувернерот на Черниговскиот регион, Вјачеслав Чаус изјави, пак, дека не гледа попуштање на руските напади.

„Веруваме ли во тоа (ветувањето за намалување на воените активности)? Секако дека не. ‘Намалување на активностите’ во Черниговскиот регион се покажа така што непријателот изведуваше удари на (градот) Нижин, вклучително и воздушни удари, и цела ноќ го гаѓаа (градот) Чернигов“, напиша Чаус на Telegram.

Гувернерот на регионот Хмелницки во западна Украина рече дека руските сили погодиле индустриски објекти во регион во три напада изминатата ноќ. Гувернерот Сергеј Хамалиј не ги знаел поединостите за целите или за штети, но рекол дека „пожарите се локализирани“ и дека се проверува има ли жртви.

Виталија Ким, гувернеропт на јужниот регион Миколаев, изјави дека борбите продолжиле околи заземенит град Херсон на Црното Моред, како и во региото во целина. „Не се опуштаме, работиме на јакнењето на своите одбранбени способности“, рече.