Киличдароглу ги повика младите да го поддржат во вториот изборен круг

Ривалот актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган во вториот круг од претседателските избори Кемал Киличдароглу во вторникот им се обрати на младите и ги повика да му го дадат својот глас на 28-ми мај за владеењето на Ердоган да не влезе во третата деценија.

Ердоган за половина процентен поен не успеа да оствари победа во првиот изборен круг, односно освои 49,5 отсто од гласовите, додека Каличдароглу, кој е кандидат на здружената опозиција од шест партии освои околу 45 отсто. Така, изборите одат во вториот круг, што првпат во историјата на Турција.

На третото место е изненадувањето на изборите, националистичкиот кандидат Синан Оган со 5,2 отсто, а зад него Мухарем Инче кој три дена пред гласањето се повлече од трката, но предоцна за да му овозможи на Каличдароглу победа во првиот круг, а освои 0,43 отсто од гласовите.

Во меѓувреме 74-годишниот Каличдароглу настојува да ја прошири својата гласачка за да ја добие пресудната поддршка во вториот круг.

„Од гласачките кутии излезе порака со повик на промени. Оние кои во оваа земја сакаат да видат промени ги има повеќе од оние кои тоа не го сакаат“, напиша Киличдароглу во низата твитови упатени на „драгите млади луѓе“.

Киличдароглу им се обрати на младите и се осврна на нивните финансиски проблеми, особени во контекстот на растот на животните трошоци, за што се вели дека е резултат на инсистирањето на Ердоган на намалување на клучните каматни стапки, поради што лирата остро падна, а инфлацијата се зголемила.

„Немате доволно пари за ништо. Одземена ви е радоста на живеењето, додека вашата младост би требало да биде растоварена од грижи. Нема да можете да ја вратите младоста. Имаме 12 дена да излеземе од овој мрачен тунел“, додаде Киличдароглу во еден од твитовите.

Од друг страна, на парламентарните избори кои се одржаа истовремено со претседателските, Партијата на правдата и развојот (AKP) на Едроган и нејзините конзервативни исламски партнери освоија заедно 322 од 600-те мандати во парламентот и обезбедија мнозинство коешто на Ердоган ќе му овозможи да аргументира дека гласањето за него значи стабилност на земјата којашто ѝ е исклучително во моментов на Турција.

Се проценува дека за изборот на новиот претседател клучни ќе бидат гласачите на Оган. Тој е поранешен припадник на националистичката MHP, која ја напушти токму поради несогласувањето со партиската поддршка за Ердоган по изборите во 2015 година. Меѓутоа, сега партијата е во коалиција со AKP, а националистичките пораки на Оган и неговиот повик за геополитичка независност на Турција се поблиски до Ердоган отколку на отворено прозападната политика на Киличдароглу кој ја имаше и недвосмислената поддршка од САД, и ветуваше заживување на демократијата, враќање на економските политики на слободниот пазар и обновување на врските со Западот.