Ким Џонг-ум забрани носење фармерки и пирс

Северна Кореја забрани носење фармерки и пирс
Северна Кореја забрани носење фармерки и пирс

Цензурата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ум нема крај. По забраната на користењето на интернет, Фејсбук, Твитер и на другите социјални мрежи, но и на бројни медиуми, Северна Кореја на своите жители сега им забрани да носат џинс и да ставаат пирс. А сето тоа за да го запре продорот на влијанието од Запад во севернокорејското општество.

Иако лидерот на Северна Кореја покренал национална кампања, оваа забрана најмногу се однесува на граѓаните на северните покраини Хамгионг и Јанганг, кои се граничат со Кина.

Пјонгјанг наводно е загрижен дека луѓето кои живеат во тие области ќе бидат изложени на влијанието на надворешниот свет и дека со самото тоа ќе бидат под поголемо влијание на западната мода. Според пишувањето на јапонскиот Азија прес“, драстичните правила се донесени пред 7-иот конгрес на Работничката партија на Северна Кореја.

Исхимару Јиро, јапонскиот новинар кој известува од Северна Кореја напишал:

„Расте бројот на луѓето во кои се опседнати со западната култура. Пресметката ќе се заврши до почетокот на Конгресот“.

Како што се наведува, Ким Џонг-ум, смета дека тоа се симболи на антисоцијалистичка западна култура. На оние кои ќе одбијат да се придржуваат на ваквите правила и да го нарушат дрес-кодот, им следи посета на инспеции и можеби дури и притвор. Инспекциите ќе се движат по улиците во потрага по граѓаните кои се неприкладно облечени или имаат пирсинзи по телото.

Според пишувањето на „Дејли телеграф“, граѓаните ќе ги следи се поголема група млади луѓе кои му се лојални на Ким Џонг-ун. Според пишувањето на тамошниот печат, посебно внимание, кога е во прашање „капиталистичкиот стил на облекување“ оваа група ќе обрне на должината на здолништата, обликот на чевлите, маиците и на фризурите.

Оваа одлука доаѓа само неколку месеци откако е објавено дека Ким Џонг-ун им наредил на луѓето да ја копираат неговата фризура, чијашто должина е ограничена на 2 см. На жените ги советувал да го копираат стилот на неговата сопруга. Па така, сите жени, по угледот на Ри Сол Ју би требало да имаат боб фризура.