Ким Џонг-ун ги избрка американските новинари од хотел

„Храбра и промислена стратегија“, напишаа јужнокорејските медиуми кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го резервираше истиот хотел, во кој за време на средбата во Ханој со американскиот претседател Доналд Трамп, претстојуваат и новинарите кои ја следат Белата куќа.

„Изложувајќи го секој свој чекор на американските меидуми и камери, Ким Џонг-ун веројатно сака да испрати силна порака за тоа дека е категоричен во својата желба да ги подобри односите со САД, изјави експертот за Северна Кореја од Институтот Сејонг, Чеонг Сеонг-чанг.

Но, неколку минути откако Ким пристигна на виетнамската граница, виетнамското Министерство за надворешни работи соопшти дека хотелот „Мелиа Ханој“, во кој резервираше престој Ким Џонг-ун, го откажува гостопримството на американскиот прес-центар, односно на стотината американски новинари задолжени за следење на Самитот.

За помалку од 24 часа од таа информација, прес-центарот на Белата куќа денеска е преместен во палатата Виет Хо, на неколку блокови од хотелот Мелиа.

За време на првата средба со Трамп, во Сингапур, новинарите и останатите гости во хотелот каде беше сместен Ким мораа да бидат на доволна оддалеченост од севернокорејскиот лидер, а камерите и мобилните телефони мораа да ги стават во џебови додека тој се движел низ хотелот. Гостите кои успеале да го фотографираат, морале да ги избришат сликите.