Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун изјави дека неговото нуклеарно оружје претставува „моќно оружје за одвраќање“ коешто гарантира заштита на суверенитетот на земјата, пренесоа државните медиуми неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во постапката со оваа изолирана комунистичка земја „дејствува само една работа“.
Во говорот на состанокот на моќниот комитет на владејачката Работничка партија во саботата, Ким Џонг-ун дека севернокорејското нуклеарно оружје претставува „моќно средство одвраќање коишто силно ќе ги штити мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и во североисточна Азија“ од „нуклеарните закани на американските империјалисти“.
Изминатите седмици Северна Кореја лансираше две ракети коишто ја прелетаа Јапонија и го изведе шестиот нуклеарен тест за кој тврд дека е успешна проба на хидрогенска бомба, што укажува дека може брзо да напредува кон развој на интерконтинентален балистички проектил кој може да понесе нуклеарна боева глава кој може да го достигне американското копно.
На истиот состанок, својата 28-годишна сестра Ким Јо Џонг ја поставил за член на моќното политбиро, тело коешто ги носи одлуките под негово претседавање.