Ким Џонг-ун: Северна Кореја произведе мини нуклеарни боеви глави

Северна Кореја успеа да произведе мини нукеларни боеви глави, кои би можеле да бидат поставени на балистички ракети, изјави денеска севернокорејскиот лидер, Ким Цонг- ун.

За време на посетата на рудник, кој е дел од севернокорејскиот нуклеарен сектор Ким истакна дека нуклеарните беви глави се стандардизирани и додаде дека бидејќи се намалени можат да бидат поставени на секоја балистичка ракета.

Според Ким, со поседувањето на ваквите боеви глави сега Северна Кореја може слободно да биде наречена „застрашувачка нуклеарна сила“.

Севернокорејските власти објавија и фотографии на овие мини нуклеарни боеви глави, кои според тврдењата можат да се монираат на проектили од ракетниот систем КН-08, кои имаат дострел до 12.000 километри и би можеле да погодат цели на територијата на САД.

Денешната изјава на Ким следи откако Пентагон вчера соопшти дека Вашингтон не верува оти Северна Кореја има потенцијали за производство на мини боеви глави. – Иако стравуваме од заканата на балистичките ракети, сепак и натаму сме убедени дека можеме да се справиме и да одговриме на секоја ракетна закана од Северна Кореја, изјави портпаролот на Пентагон, Питер Кук.

Пјонгјанг во јунаури изврши четврта по ред нуклерана проба, за која соопшти дека било тестирање на хидрогенска бомба. Сепак, голем број експерти, но и владите на САД и Јужна Кореја, изразија сомнеж во веродостојноста на ваквите тврдења.