Ким има намера наскоро да отпатува во Русија на средба со Путин

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун планира да ја посети Русија и да се сретне со претседателот Владимир Путин, за да разговара за продажна на оружје на Москва за војната во Украина, пишува The New York Times повикувајќи се на американски и сојузнички извори.

Американскиот весник објави дека неговите неименувани извори рекел оти посетаа на Ким била планирана за „разговори за можноста за испорака на повеќе оружје за Русија“ и за јакнење на воената соработка.

Пјонгјанг, како и Москва, повеќепати досега ги демантираше изјавите на западните фунцкионери и медиуми за наводно испораки на оружје на Русија. Како што изјави портпаролот на корејското Министерство за надворешни работи, неговата земја никогаш не извела такви зделки со Русија, а сите такви извештаи ги нарече како „апсурдни шпекулации“.

САД минатата седмица изразија загриженост дека преговорите за вооружување меѓу Русија и Севрна Кореја „би можеле активно да напредуваат“, и тврдеа дека наводно Шојгу патувал во Пјонгјанг за да го убеди Ким да ѝ продаде на Москва артилериска муниција.

Во понеделникот рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, не ја исклучи можноста за заеднички воени вежби на руската со армијата на Северна Кореја, во контекстот на неодамнешната заедничка објавија дека двете земји се заземаат за јакнење на меѓусебните воени врски, но Пјонгјанг повторно негираше дека тргува со оружје со Москва.

Истовремено, соговорниците на весникот изнеле и неколку претпоставки за тоа каде точно би се сретнале Путин и Ким. Една од опциите е Владивосток, на рускиот Далечен исток, каде рускиот претседател веројатно ќе присуствува на Источниот економски форум. Некои од „американските и сојузничките функционери“, пишува NYT, сметаат дека севвернокорејскиот водач ќе допатува во некое од пристаништата на руската Пацифичка плота, а други, пак, претпоставуваат дека средбата може да се одржи на космодромот „Васточни“ во Амурската област и во Москва.

Доколку Ким Џонг-ун реши навистина да го посети главниот град на руската Приморска област, тогаш најверојатно ќе патува со својот блиндиран воз, велат изворите на NYT. Со тој познат оклопен воз на севернокорејските челници, Ким допатува во Владивосток во април 2019 година. Тоа тогаш беше неговата прва посета на Русија, која тогаш беше многу сомничава во политиките на Пјонгјанг, откако Ким дојде на власт во 2011 година.