Ким Јонг Ун освои 100 отсто од гласовите на изборите

Севернокорејските медиуми денеска го потврдиле ова што никогаш не било прашање, односно дека лидерот на таа земја Ким Јонг Ун на парламентарните избори освоил 100 отсто од гласовите во својата изборна единица, како и дека на гласањето излегле сите гласачи.

Така Ким Јонг Ун, кој е закитен со најголемите титули во земјата, сега е и пратеник во Врховното народно собрание.

„Сите гласачи во изборната единица број 111 гласаa, а 100 отсто од нив гласале за Ким Јонг Ун. Тоа е израз на апсолутна поддршка и доверба во врховниот лидер Ким Јонг Ун, со оглед дека сите му покажаа целосна доверба“, објави официјална севернокорејската новинска агенција КЦНА.