Ким Кардашијан како секси кукла во „Долче и Габана“

Раперот Каније Вест ја облече неговата жена, Ким Кардашијан, повторно. Но, овој пат, нејзиниот изглед, помогнат од Каније, и даде изглед на жива кукла.

На нејзиниот Инстаграм профил се гледа постот со наслов: „Каније ме облече како кукла“. Облечена и фотографирана од глава до петици, Ким позира во нивниот дом покрај прецизно организираниот гардеробер, во тесно, фустанче со голи разменици во боја на слонова коска.

Дизјанот е винтиџ (старомоден стил), од пролетната ’91 колекција на „Долче и Габана“. Нејзините одвај видливи сандали со врвки се претпоставува дека се на Јизи.

Покрај Меланија Трамп, очигледно и Ким Кардашијан останува лојален фан на брендот Долче и Габана и покрај фактот дека модната куќа доби голема реакција поради нивната рекламна кампања во Кина, во која се појавуваат расистички стереотипи.

Имено, жената во рекламата носи блескаво црвен фустан во западен стил, наместо традиционална кинеска облека. Не-толку-суптилната порака вградена во ова видео е дека кинеската жена ја прифаќа европската мода, но таа е премногу необразована – или можеби премногу глупава – за да ја разбере европската култура.

Иако обајцата, Стефано Габана и Доменико Долче изразија извинување преку Интернет мрежите, дел од штетата е веќе сторена. Многу од нивните главни амбасадори во Кина се изјаснија дека ги „сечат врските“ со оваа луксузна модна куќа, меѓу кои се и актерката Жанг Зии и моделот Естел Чен.