
Севернокорејскиот водач Кин Џонг-ун повика и најави во неделата развој на нови интерконтинентални балистички проектили и поголем нуклеарен арсенал со кој Северна Кореја ќе се спротистави на заканите од странство предводени од САД, објавија државните медиуми во времето кога се зголемуваат тензиите меѓу Пјонгјанг и Сеул.
Ба состанокот на владејачката Работничка партија, Кин ја истакнал потребната да обезбеди „надвладувачка воена моќ“ за одбрана на безбедноста и суверенитетот на Северна Кореја. Состанокот е одржан во екот на прекуграничните тензии поради минатонеделниот упад на севернокорејски беспилотни летала во воздушниот простор на Јужна Кореја и низата севернокорејски лансирања на проектили и ракети, вклучително и интерконтиненталните балистички ракети (ICBM) кои можат да понесат нуклеарни боеви глави и да погодат која и да е локација на територијата на САД.
Ким повторно и обвинил Вашингтон и Сеул за обиди да го „изолираат и задушат“ Пјонгјанг со американските нуклеарни ударни средства коишто се постојано распоредени на територијата на Јужна Кореја, нарекувајќи го тоа „без преседан во човековата историја“.
Ветил дека ќе развие уште еден интерконтинентален балистички систем „чијашто главна мисија ќе биде брз нуклеарен противнапад“ во рамките на плановите за јакнење на севернокорејските нуклеарни сили, објави службената новинска агенција KCNA.
„Сегашната преовладувачка ситуација бара преземање удвоени напори за силно да биде зајакната воената сила… како одговори на загрижувачките воени потези на САД и на другите непријателски сили“, го цитира агенцијата заклучокот од состанокот.
„Јужна Кореја стана наш недвосмислен непријател, бидејќи е крајно решителна во непромисленото и опасно натрупување на вооружување и непријателските воени потези. Тоа ја истакнува важноста и нужноста на масовното производство на тактичко нуклеарно оружје и повикот на експоненицијално зголемување на нуклеарниот арсенал на земјата“, рекол Ким Џонг-ун.
Додал дека тоа ќе биде „главната ориентација“ на севернокорејската нуклеарна и одбранбена стратегија во 2023 година. Како дел од плановите, исто така, ќе биде лансирани првиот севернокорејски воен сателит „што е поскоро можно“, а ќе ги забрза и градењето шпионски сателит.
Извештајот за состанокот на врвот на Работничката партија дојде неколку часа откако Северна Кореја истрела балистички проектил со кус дострел од својот источен брег, во редок тесто преку ноќта на новогодишната ноќ. Пјонгјанг, исто така, лансираше три балистички проектили во саботата, заокружувајќи ја годината одбележана со рекорден број тестирања проектили.
Агенцијата KCNA во засебен извештај наведува дека Северна Кореја го тестира новиот супер голем повеќецевен лансер за ракети од 600 милиметри, кои можат да понесат нуклеарно оружје.
Ким ја пофалил севернокорејската индустрија на муниција за испораката на 30 единици од системот, нарекувајќи го „основно офанзивно оружје“ со целата Јужна Кореја во својот дострел, и способноста за ненадејно и прецизно лансирање.
„Изразивме решителна волја да одговориме со нуклеарна бомба на нуклеарна бомба и со сеопфатен судир на сеопфатен напад“, изјавил Ким на церемонијата на испораката на оружјето во саботата.
Последниот лансиран проектил прелетал околу 400 километри откако бил истрелан околу 2,50 часот утрото по локално време од реонот на Рјонсонг кај севернокорејската престолнина Пјонгјанг, извести Здружениот штаб на Јужна Кореја (JCS). Сеул истовремено „остро ја осуди“ низата ракетни тестирања во Северна Кореја како „тешки провокации“ и повика на „моментален прекин“ на таквите активности.