Ким на самитот со Трамп во Виетнам ќе патува со воз

Виетнам се подготвува за самитот следната седмица меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун кој во Ханој треба да допатува со воз преку Кина, изјавиле во средата за Reuters два извора блиски на организацијата на средбата на врвот.

Според тоа, на Ким ќе му бидат потребни два и пол дена патување со воз за да измине илјадници километри од Пјонгјанг, преку Кина, до Ханој, што значи дека би требало да тргне неколку дена пред почетокот на самитот.

Возот со Ким ќе се запре на виетнамскиот граничен премин Донд Данг, каде што тој ќе ја напушти композицијата и остатокот од 170 километри пат ќе ги мине со автомобил, напомнуваат изворите.

Три извора блиски на настанот истакнале дека веќе постои преферирана локација за самитот на 27-ми и 28-ми февруари, а тоа е резиденција на виетнамската влада од колонијалниот период во центарот на Ханој.

Сите пет извори нагласиле дека планот и програмата на самитот можеби уште ќе се менуваат.