Ким ѝ нареди на војската да го стабилизира снабдувањето со лекови за Covid-19

Севеерникорејскиот водач Ким Џонг-ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лековите за Covid-19 во главниот град Пјонгјанг во справувањето против првото потврдено избувнување на коронаворусната болест во земјата, објавија државните медиуми.

Минатата седмица Северна Кореја првпат објави за „експлозивна“ епидемија, откако повеќе од две години тврдеше дека во земјата нема случаи на зараза со коронавирусот. Странските стручњаци предупредуваат дека тоа може да предизвика бројни проблеми во земјата со ограничени медицински резерви и ресурси поради острите меѓународно санкции, како и поради непостоење протграма за вакцинирање против Covid-19.

Лековите кои ги набавила севернокорејскта власта не стасуваа до луѓето правовремено и точно, рекол Ким на итниот состанок на Политбирот на Комунистичката партија, пред да ги посети аптеките во Пјонгјанг, објави државната новинска агенција KCNA.

Ким наредил итно распоредување на „моќни воени сили“ за да се „стабилизира снабдувањето со лековите во градот Пјонгјанг“, се додава во информацијата.

Иако властите наредија распределување на националните резерви на лекови, аптеките не биле добро опремени за непречено извршување на своите функции.

Ким Џонг-ун го критикувал и „неодговорниот“ однос кон работата, организацијата и изведувањето од страна на владата и јавното здравство, се додава.

Соседната Јужна Кореја „нема да ги штеди напорите“ за да ѝ помогне на Северна Кореја во борбата против епидемијата, порачалјужнокоресјкиот претседател Јун Сук-јеол во парламентот во понеделникот, додавајќи дека Сеул е подготвен да пружи вакцини против Covid-19 и друга медицинска поддршка доколку Пјонгјанг се согласи.

Бројот на заразените со коронавирусот во Северна Кореја изнесувал 1.213.550 со 50 смртни исходи до неделата.