Ручекот кој ден претходно го приредил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во чест на севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун кој ја посети руската Пацифичката фолота каде му биле демонстрирани борбените можности и вежбовни активност бил одржан во армиски шатор, покажуваат снимките кои во неделата ги објави севернокорејската новинска агецнаија KCNA.
Судејќи според објавените фотографии, појадокот бил по утинската проверка на стратешката и оперативна тактичка авијација на руските воздухопловни сили на аеродромот Кневичи во Приморје на рускиот Далечен исток. Тоа се одвивало на терен, во ариски шатор во кој биле поставени знамињата на двете држави и црвени теписи со поставена маса за над дваесет лица од двете делегации. Во шаторот биле поставени и екрани преку кои се следеле снимки од лет направени од пилотската кабина на борбен авион. Ким бил „силно“ заинтересиран, а појаснувањата му ги давал командатот на руската Авијацијата со долг долет, Сергеј Кобилаш.
Официјалниот ручек во истиот шатор бил одржан по посетата на Ким Џонг-ун на фрагатата „Маршал Шапошников“ при што овојпат биле следени снимки од испловување на бродови на Пацифичката флота со стратешките бомбардери носачи на ракети „Ту-95“. Забележливо е што послужени се морски плодови и салата, а се служеле во традиционални корејски чинии со стапчиња за јадење.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во вторникот по 2019-та, по вторпат допатува во посета на Русија во исклучително чувствителен момент во услови на руска инвазија во Украина и поради тоа конфронтација на Москва со ткн колективен Запад. Ким допатува во регионот Приморје со својот оклопен воз, а следните денови имаше разговори со рускиот претседател Владимир Путин на космодромот „Васточни“, илајда кулометри посеверно.
Севернокорејскиот лидер, од чија средба со Путин стравуваа САД и Јужна Кореја, поради можни договори за вооружување меѓу Мосва и Пјонгјанг, продолжи и во петокот кога Ким во Комсомолс-на-Амур ги посети погоните во кои се произведуваат борбени и цивилни авиони. Таму беше одржан демонстративен лет на борбениот авион „Су-35“.
Со својот воз Ким во саботата пристигна во Приморје каде што на аеродромот Кневичи бил запознаен со способностите на суперсоничниот стратешки ракетен бомбардер „Ту-160“, како и на стратешкиот бомбардер со долг дострел „Ту-22М3“.
Министерот за одбрана Шојгу на севернокорејскиот лидер му ги претставил современите модели на руските воздухопловни сили, напредните хиперсонички ракети „Кинжал“, руски патнички авион „Ту-214“ и воена фрегата. Во саботата навечер, лидерот на Северна Кореја присуствувал на балетската престава „Заспаната убавица“ на сцената Приморски на театарот Марински.
Ненајавено долгата посета на Ким Џонг-ун продолжува и во неделата со посета на островот Руски, каде Ким разговарал со студентите од Северна Кореја а потоа посетил погони за производство на прехранбени продукти, пренесува KCNA.