Ким Џонг-ун надгледувал тестирање дронови произведени во Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изминатиот викенд го надгледуваше тестирањето беспилотни летала развиени во земјата, објави во понеделникот Корејската централна новинска агенција KCNA.

Ким во саботата го посети Институтот за беспилотни летала на севернокорејската Академија за одбранбени науки и учествуваше во успешното тестирање на беспилотни летала кои идентификуваат и уништуваат одредени цели откако летаа по различни претходно поставени рути, соопшти KCNA.

Во исто време, Ким повикал на производство на повеќе беспилотни летала кои ќе ги користат тактичката пешадија и единиците за специјални операции, како што се подводно оружје за уништување и донови за стратешко извидување и повеќенаменски напади.

Тој, исто така, наредил дополнителни тестови за борбена употреба на беспилотни летала со цел да се опреми севернокорејската армија со ова оружје што е можно поскоро, според KCNA.

Севернокорејските власти ги зајакнаа тактичките воени способности, вклучително и ракети со краток дострел и тешка артилерија коешто е насочени за евентуални удари, во прв ред врз Јужна Кореја која според Пјонгјанг со САД подготвува инвазија врз северот на Корејскиот полуостров, а сето тоа откако направија голем напредок во балистичките ракети со долг дострел и нуклеарните програми.