Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун бил во во посета на базите во кои се стационирани стратешките ракети и ја инспектирал подготвеноста „за стратешки одвраќачки дејства“ повторувајќи дека американските стратешки нуклеарни капацитети се закана за Северна Кореја, објавија во средата државните медиуми.
Како што пренесува државната новинска агенција KCNA, при увидот бил придружуван од неговата влијателна сестра Ким Јо Јонг и Ким Џонг Сик, првиот заменик директор на Одделот на Централниот комитет на владејачката Работничка партија.
Ким Џонг-ун притоа истакнал дека „заканата од американското стратешко нуклеарно оружје за безбедноста на Северна Кореја расте секој ден“, затоа „натамошната техничка модернизација на вооружените сили како целина, давајќи им приоритет на стратешките ракетни вооружени сили“ е важна принцип на стратегијата за развој на одбраната на земјата.
Севернокоресјкиот лидер, исто така, истакнал дека е неопходно да се преземат различни мерки за натамошна модернизација на стратешките ракетни бази, „претворајќи ги во тврдина“, како и да се одржуваат во целосна и постојана подготвеност за можноста „да му зададат стратешки противудар на непријателот во секоја ситуација и во секое време“.