Ким Џонг-ун повторно му даде целосна поддршка на Путин

Народот на Северна Кореја ја изразува својата целосна поткрепа и солидарност со рускиот народ, порача во понеделникот севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, според извештаите на тамошните државни медиуми.

Ким Џонг-ун му испратил на рускиот претседател Владимир Путин честитка по повод руски национален празни и уште еднаш ја поддржал Русија откако ја започна својата „специјална воена операција“ во соседна Украина.

Во изјавата којашто ја пренесе севернокорејската службена новинска агенција KCNA не се споменува воопшто војната во Украина или вклученост на Русија во вооружен конфликт, но се изразуваат пофалби за „добрите одлуки и водството на Владимир Путин да ги запре растечките закани од непријателските сили“.

„Ја поддржуваме Русија во светата и немилосрдна борба за одржување на сопствениот суверенитет, развој и интерес на својата земја“, се наведува во изјавата и се споменува судирот против западните империјалистички сили, под што во прв ред се мисли на САД.

Сеерна Кореја и Ким Џонг-ун воедно ја осудуваат западната воена помош за Украина, и уште еднаш ги негираат западните тврдења дека наводно на руската војска, а особено на руската приватна воена компанија „Вагнер“, ѝ испорачувала ракети и проектили.