Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун изјавил дека неговата земја ќе продолжи да развива офанзивно оружје, пренесе во понеделникот јужнокорејската новинска агенција Yonhap, цитирајќи ги севернокорејските државни медиуми.
„Ќе продолжиме во остварувањето на целта за зајакнување на националниот одбранбен потенцијал, развивајќи помоќно ударно оружје за зајакнување на нашата Народна армија“, рекол Ким според агенцијата.
Ким Џонг-ун го дал коментарот во текот на фотосесија за државните медиуми со научниците и високи функционери кои учествувале во „успешното пробно лансирање на новата интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17“, пренела севернокорејската државна новинска агенција
Наречен „Хвасонг-17“, овој интерконтинентален балистички проектил е најголемиот на течно реактивно гориво кој некоја земја кога и да е го лансирала од подвижен лансер, тврдат западите аналитичари. За лансирање на овој проектил бил користен Транспортен еректор-лансер (TEL), вид воено возило коешто служи за транспорт, подигнување и лансирање ракети.
Ракетата „Хвасонг-17“ првпат беше претставена во 2020 година на парада на којашто нејзината големина, којашто се опишува како колосална, ги изненади и искусните западни воени аналитичари.
Лансирањето на проектилот на 24-ти март го следеа армиите на Јужна Кореја и на Јапонија. Јапонските функционери рекоа дека летал на височина од 6.000 метри и паднала во јапонските води, откако летела повеќе од еден час. Со дострел кој јапонската влада го процени веројатно на повеќе од 15.000 километри, проектилот може да погоди цели каде и да е во светот, освен некои земји во Јужна Америка и делови од Антарктикот.
Интерконтиненталните балистички ракети (ICBM) се проектили со долг дострел, способни лансирани од Северна Кореја да погодат која и да е цел во САД, а способни се истовремено да носат повеќе нуклеарни боеви глави.