Севернокорејскиот водач Кин Џонг-ун изјави дека неговата земја би требало да биде подготвена да изведе нуклеарни напади во секој момент за да ја одврати војната обвинувајќи ги САД и Јужна Кореја за ширење на заедничките воени вежби кои вклучуваат и американски нуклеарни средства, објави во неделата новинската агенција KCNA.
Ким изјавата на даде откако Северна Кореја, како што извести државната новинска агенција KCNA, извела нуклеарни тактички вежби чијашто цел е испраќање силно предупредување против Вашингтон и Сеул.
Претходно во неделата утрото Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на Источното (Јапонското) Море која прелетала 800 километри пред да ја погоди целта на височина од 800 метри, според сценариото за тактички нуклеарен напад.
Претходно во четвртокот Северна Кореја го изведе својот втор тест годинава на својата најмоќна интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) под ознаката „Hvasong-17“, која може да понесе нуклеарни боеви глави и да погоди која и да е точка на територијата на САД.
Минатиот понеделник, исто така, Северна Кореја истрела и две стратешки крстосувачки ракети лансирани од подморници врз цел под водата лоцирана во водите на Јапонското Море.
Аналитичарите претпоставуваат дека лансирањата претставуваат потврда на заканите од Пјонгјанг за одговор на заедничките масивни воени вежби на САД и Јужна Кореја „Freedom Shield“, коишто редовно севернокорејската страна ги гледа како подготовка за инвазија против земјата. Северна Кореја обвини дека најновата заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја ги зголемува тензиите на полуостровот.