Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија во четвртокот државните медиуми.
Пожарот избувнал во 14-катница во високотехнолошката зона на градот Зигонг, обвивајќи ја околината со густ чад, јавува новинската агенција Xinhua.
Пожарот бил изгаснат дури во раните утрински часови, јави државната телевизија CCTV.
Прелиминарната истрага покажа дека пожарот настанал од градежни работи, а во тек е натамошна истрага за утврдување на точната причина за пожарот.