Кина ги победила Соединетите држави во битката за вештачката интелигенција и е на патот кон глобална доминација поради својот технолошки напредок, изјави поранешниот шеф на управата за развој на софтвери во Пентагон за весникот Financial Times.
Кина, којашто се смета за речиси израмнета со САД како водечка економска сила во светот, веројатно ќе доминира во многу клучни технологии кои надоаѓаат, особено во доменот на вештачката интелигенција, синтетичката биологија и генетиката во следните десетина година, според процените на западните разузнавачки агенции.
Николас Чејлан, првиот шеф на одделот за развој на софтвер во Пентагон, отстапи од должноста во знак на протест против бавната технолошка трансформација во американската армија.
„Немаме шанси да конкурираме и да се бориме со Кина во следните 15 до 20 години. Во моментов тоа е веќе завршена работа, моето мислење е дека е веќе готово“, вело Чејлан за Financial Times.
Кина би можела да доминира со иднината на светот, да контролира сѐ од медиумските наративи до геополитиката, додава.
Чејлан за тоа ја обвинува тромавата иновација, неподготвеноста на американските компании, на пример како „Google“, да работата со државата на вештачката интелигинеција и на сеопфатните етички дискуции за технологијата.
Агенцијата Reuters барала коментар во врска со оваа тема, но од „Google“ не биле недостапни.
Кинеските компании, продолжува Чејлан, се обврзале да работат со нивната влада и „масовно вложуваат“ во вештачката интелигенција без оглед на етичките прашања.
Додава и дека американската кибернетичка одбрана во некои владини оддели е на „нивото на детска градинка“.
Чејлан оставката ја најави на почетокот од септември, појаснувајќи дека воените функционери повеќепати биле задолжени за кибернетички иницијативи за кои ин недостигаат искуства.
Портпаролот и секретарот на одделот за воздухопловните сили, Френк Кендал, разговарал со Чејлан за неговите препораки за развој на софтвер во иднината по неговата оставка и му се заблагодарил на придоенсот, пишува Financial Times.