Кина ја одобри за итна употреба вакцината „Sinovac“ за деца на возраст од 3 до 17 години

Кина ја одобри во саботата за итна употреба вакцината на производителоте „Синовак Biotech“ против Covid-19 за деца на возраст од 3 до 17 години, соопшти претседателот на компанијата Јин Веидонг во изјава за државната телевизија.

Масовната вакцинација во Кина, каде што беа администрирани 723,5 милиони дози до 3-ti јуни, сега опфаќа само лица постари од 18 години.

Државната компанија „Sinopharm“, чиј производ, во две дози, користи технологија слична на онаа на „Sinovac-CoronaVac“ на „Sinovac/China National Pharmaceutical Group“, исто така, претстави податоци со цел да добие дозвола да се аплицира кај помладите возрасни групи.

Вакцинатата „CanSino Biologics“, која користи различна технологија, е во втора фаза од тестирањето кај млади од 6 до 17 години.

Компанијата, исто така, ги заврши клиничките испитувања од втора фаза, при што на учесниците им беше инјектирана трета засилувачка доза по двете редовни, рече Јин, но предупреди дека компанијата допрва треба да заврши долгорочно следење на траењето на антителата пред да им препорача на властите да администрираат и трета доза.