Кина ја осуди посетата на Лиз Трас на Тајван

Портпаролот на кинеската амбасада во Лондон ја опиша посетата на поранешната британска премиерка Лиз Трас на Тајван во вторникот како „опасна политичка претстава којашто единствено ќе му наштети на Обединетото Кралство“.

Кинеските власти се противат на официјалните контакти на други земји со Таван, бидејќи островот го сметаат за своја одметната покраина.

„Ја повикуваме релевантната британска политичарка да го исправи своето недело, да престане да прави политички претстави во однос на Тајван, како и да престане да им оди во прилог и да ги поддржува сецесионистичките сили за ‘независност на Тајван’“, се наведува во писмената изјава објавена на интернет страницата на амбасадата на Кина во Лондон

Лиз Трас е најистакнатиот британски политичар којшто го посетил Тајван од времето на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во 1990-те години, а нејзиното патување се случува во крајно заострените односи по повеќе децении меѓу Кина и западните земји, вклучително и Велика Британија,

Трас го претставува крилото во владејачката Конзервативна партија коешто се противи на пристапот на владата во односите со Кина, а кои вклучуваат напори да се ангажира во областите како што се трговијата и климатските промени, додека истовремено настојува заедно со САД, Австралија и Нов Зеланд, како и азиските партнери да ја ограничи кинеската експанзија во Индопацифичкиот регион.