Кина во петокот ја прошири истрагата против субвенционирање на увозот на млечни производи од Европската унија на програми за промоција на земјоделството и поддршка на инвестициите, објави Министерството за трговија.
Во август, на барање на домашните производители, Пекинг отвори истрага за увоз на млеко, сирење и павлака од ЕУ поради сомневање дека владите им даваат неправедна предност на производителите преку субвенции.
Истрагата опфаќа сега увоз и од Австрија, Белгија, Италија, Ирска и Романија, Чешка, Финска i Хрватска. Главните европски извозници на млечни производи во Кина се Холандија, Франција, Германија, Ирска и Данска.
ЕУ беше втор најголем снабдувач на млечни производи во Кина минатата година, зад Нов Зеланд, со најмалку 36 отсто од вкупната вредност на кинескиот увоз, според податоците на кинеската царина. Австралија е на трето место. Вредноста на извозот од ЕУ беше 1,7 милијарди евра во 2023 година, покажуваат податоците на Европската комисија.
Во петокот, кинеското Министерство за трговија објави дека ја проширило истрагата за да вклучи промоција на земјоделството, осигурување и поддршка за инвестиции.
Проширувањето на истрагата не подразбира поширок опсег на производи, посочуваат од кинеското министерство, додавајќи дека ги почитувале официјалните одговори на членките на ЕУ и консултациите со претставниците на ЕУ.