Кина бара од своите граѓани да го напуштат Израел

Кина ги повика своите граѓани да го напуштат Израел поради зголемените тензии од израелската војна во Газа и бомбардирањето на јужен Либан.

Во соопштението на кинеската амбасада во Тел Авив се вели дека ситуацијата на израелско-либанската граница е „многу напната“ и дека безбедноста во Израел останува „тешка, сложена и променлива“.

Кинеските граѓани во Израел се повикани да се вратат во Кина или да се преместат во безбедни подрачја што е можно побрзо. Амбасадата ги предупредува граѓаните да не излегуваат надвор освен ако не е неопходно.