Кинескиот претседател Кси Џинпинг во текот на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот од април побарал од Вашингтон во текот на следните 100 дена да не презема остри еднострани мерки во однос на Северна Кореја. За тој период Пекинг ветил дека со свои средства ќе се обиде да издејствува промена во политиките на Пјонгјанг, пишува јапонскиот магазин Asahi повикуваји се на јапонски и на американски извори.
На споменатата средба, според изворите, Трамп на кинескиот колега му рекол дека според американските податоци 90 отсто од надворешната трговска размена на Северна Кореја отпаѓа на Кина. Тоа му дава на Пекинг, според Вашингтон, силен инструмент да дејствува врз Пјогнјанг. Доколку тие не бидат искористени, уверувал Трамп, тогаш САД еднострано ќе воведат санцкии против водечките кинески компании, вклучително и финансиски кои соработуваат со Северна Кореја. Ним нема да им биде дозволено, како што пишува јапонски Asahi, да соработуваат со американските банки и корпорации, што ќе ѝ нанесе силен удар на економијата на Кина.
Како одговор, Кси Џинпинг побарал сто дена за да изрши притисок врз Пјонгјанг. Двете страни, според весникот, се договориле дека „во случај на нови големи провокации“ од страна на Северна Кореја против неа ќе бидат преземени едностраните драстични мерки. Според процените на весникот, Кина особено може да наметне огрничување на паричните дознаки од странство и испораките на нафта во Северна Кореја.
Периодот од 100 дена, истакнува списанието, истекува во јули, кога во Германија на самитот на челниците на земјите на групата Г20 можна е нова средба на лидерите на Кина и на САД. Северна Кореја, се наведува уште во статијата, пројавува некои знаци на воздржаност, при што се истакнува дека нема знаци за подготовка на нов, шести по ред, нуклеарен тест.
Меѓутоа, Пјонгјанг во неделата изврши ново лансирање на стратегиски балистички проектил од модификацијата „Пукгуксон-2“ со среден дострел. Според севернокорејската новинска агенција KCNA, лансирањето лично го набљудувал водачот Ким Џонг-ун. Тој бил задоволен од резултатот и „наредил да започне сериско произодство на овие проектили, наменети за стратешките сили на земјата“, објави агенцијата.
Со низата резолуции на Советот за безбедност при ОН на Северна Кореја ѝ се збаранува секаква активност порзана со развојот на нуклеарното оружје и средства за негова примнеа, но Пјонгјанг не гои признава овие документи, тврдејќид ека земјата има легитимно право да ја јакне својата одбранбена способност како одговор на непријателската политика на Вашингтон.