Кинеските здравствени власти во саботата го забележале највисокиот дневен раст на случаи на Covid-19 по 21 месец, откако бројката новозаразен повеќе од двојно се зголемила во северозапандиот град Ксиан, најновото жариште на епидемијата на коронавирусот во Кина.
Ксиан, град со 13 милиони жители на 900 километри од престолнината Пекинг кој влезе во четвртиот ден од целосното „затворање“, во саботата детектирал 155 локално пренесени сличаи на зарази со коронавирусот со потврдени симптоми, што е за 75 случаи повеќе од претходното деноноќие, покажуваат официјалните податоци објавени во неделата.
Со тоа бројот коронаинфекции на дневно ниво во Кина се зголемил на 158 во последните 24 часа, што е највисоката бројка откако кинеските власти успеаја да на сузбијат епидемијата уште на почетокот од 2020 година.
Ксиан со 485 локални симптоматски случаи потврдени во периодот од 9-ти до 25-ти декември, воведе строги мерки за да го спречи натамошното ширење на заразите, во согласност со политиките на кинеските власти дека секое ширење мора да се сузбие што е поскоро можно.
Според тие прописи, жителите не смеат да го напуштаат градот без дозвола на работодавачаот или на локалните власти, а спроведени се повеќе рунди на масовно тестирање за да се идентификуваат заразите.
Властите во Ксиан објавија дека не е идентификувана зараза со омикрон варијантата на коронавирусот, иако кинеските власти известија претходно за неколку зарази со оваа мутација меѓу патници од странство и во јужна Кина.
Со ткн увезени случаи,на 25-ти декември во континентална Кина се потврдеи 206 нови случаи на заразата, што е за 140 повеќе од ден претходно. Не е забележан ниеден смртен исход на Covid-19, па кумулативниот број од почетокот на епидемијата кон крајот на декември 2019 година останува на 4.636 починати. Континентална Кина до 25-ти декември годинава има 101.077 потврдени случаи на Covid-19.