Кина целосно вакцинираше над милијарда жители против Covid-19

Кинеската Влада денеска соопшти дека целосно се вакцинирани повеќе од една милијарда луѓе во земјата против Covid-19, односно повеќе од 70 отсто од нејзиното население.

Најнаселената држава во светот (1,4 милијарди жители), каде што новиот коронавирус што ја предизвикува оваа заразна болест се појави на крајот на 2019 година, инјектираше вкупно 2,16 милијарди дози вакцини од 15–ти септември, изјави портпаролот на кинеското министерство за здравство, Ми Фенг.

Во некои места во Кина, коронавирусот се уште се појавува од време на време, на пример, во изминатите денови во источната провинција Фуџијан, каде што дневно се откриваат околу педесет случаи.

Официјално, бројот на смртни случаи од Covid-19 во земјата е 4.636. Од крајот на минатата година, Кина ги вакцинираше луѓето во земјата главно со две вакцини дадени во две дози на кинеските компании „Sinovac“ и „Sinopharm“.