Кина: Доживотен затвор за партиски функционер поради примање мито

Кинески суд осуди поранешен секретар на Комунистичката партија во источниот град Хангжу на доживотен затвор поради примање мито во износ од 182 милиони јуани, односо 22,77 милиони евра.

Изрекувањето на казната за Жу Џиангјонг, поранешен партиски челник на градот јужно од кинеската финансиска престолнина Шангај, каде што се сместени технолошките гиганти како „Alibaba“ и „Ant Groupe“, јавно во вторникот е одржано на судот на покраината Анхуи.

Жу е прогласен виновен за примање мито лично или преку свои роднини во градовите и окрузите во покраината Жеџианг, чиј главен град е Хангжу, во периодот од 2001 до 2021 година. Жу, всушност, е осуден на условна смртна казна која по две години минати зад решетки ќе биде променета во доживотен затвор.