Кина ќе ги забранува видео-игрите со феминизирани мажи и хомосексуални врски

Кинеските власти би можеле да ги забранат видео-игрите коишто не ги промовираат „исправните вредности“ и „точното разбирање“ на историјата и културата на земјата, според документ на кој се повикува германската новинска агенција DPA.

Тоа вклучува и забрана за игрите со феминиризани мажи, промовирање и поттикнување еднополови врски и претставување на ликови кои немаат јасно изразен пол.

Документот на кој се повикува агенцијата DPA бил донесен на состанок на кинескиот сојуз за видео-игри, кој работи со поддршка на државата. Во документот увид имал весникот The South China Morning Post, а го потврдиле неколку лица запознаени со ова прашање.

Во документот се зборува за плановите на Пекиnг да ја регулира индустријата на видео-игрите, како и да им се дадат напатствивја на програмерите како да се произведе содржина која во иднина ќе добие дозвола за продажба.

На програмерите им се посочува дека индустријата на видео-игрите треба да се сфати како нова форма на уметноста, кој повеќе не е само обична аполитична забава.

„Доколку регулаторите не можат веднаш да одредат од кој пол е ликот, тој ќе биде сметан за проблематичен и ќе се крене црвено знаменце“, се наведува во меморандумот пренесува DPA.

Машките ликови коишто носат женска облека, исто така, ќе се сметаат за проблематични.

Во документот се истакнува и дека заплетите во водео-игрите не смеат да имаат „замаглени морални граници“, а и грачите не смее да имаат избор да бидат лоши или добри.

Регулаторите посебно внимание ќе обратат на игрите коишто ги „искривуваат фактите или намерно провоцираат контроверзии“, „Историските личност со вообичен наратив не смеат да се преобликуваат“, стои во цитираниот меморандум.