Кина ќе обезбеди за земјите во развој 3 милијарди долари за борба против пандемијата

Кинеската влада ќе им обезбеди на земјите во развој дополнителна помош од три милиајрди долари во следните три години за борба против пандемијата и враќање на економскиот раст, најави во петокот кинескиот претседател Кси Џинпинг во текот на видеоконференцијата во рамките на Глобалниот самит за здравје.

„Кина ќе издвои нови три милијарди долари на земјата во развој во следните три години како меѓународна пшомош за борба против пандемијата и за враќање на економскиот раст“, изјави Кси.

Како што додаде, Кина досега испорачала 300 милиони вакцини за Covid-19 во различни земји во светот и има намера и натаму да ги снабдува странските партнери со уште поголеми количества од овие препарати. Кинеската влада, исто така, го промовира пренесувањето на технологиите за производството на вакцините во земјите во развој, додаде Кси.

„Кина веќе испорача 300 милиони дози од вакцините во други земји во светот и ќе обезбеди уште повеќе од овие препарати во рамките на своите можности. Кина ги поддржува своите компании производители на вакцините во пренесувањето на технологиите во други земји во развој и започнувањето на заедничкото производство со нив“, рече Кси.

„Објавувајќи ја својата поддршка за отстапувањето на авторските права за производство на вакцините, Кина го поддржува и итното носење на соодветните одлуки од страна на Светската трговска организација и другите меѓунардони организации“, додаде кинескиот челник.

Самитот, на кој присуствуваа лично само шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и италијанскиот премиер Марио Драги, се одржува во римската вила Панфили.

„Бидејќи се подготвуваме за следната пандемија, наш приоритет е со заенички напори да ја надвладеее сегашната пандемија. Мораме да го вакцинираме светот и мораме тоа да го сториме брзо“, рече италијанскиот премиер Драги во воведниот говор.

Покрај Кси и Драги, на самитот се обратија и челниците на Индија, Франција и Јужноафриканската Република, како и шефовите на мултинационалните компании, здравствени стручњаци и американкиот милијардер Бил Гејтс. Но, од списокот на говорниците беше изоставен американскот претедател Џо Бајден.

Администранцијата на претседателот Бајден на почетокот од мај го поддржа откажувањето од интелектуалната сопственост над вакцините против Covid-19 во надеж дека ќе се зајане производството и ќе овозожи порамномерна дистрибуција на вкацините ширум светот.

Меѓутоа, во нацртото на завршната изјава, како што пишуваше Reuters, овој механизам не се споменува. Некои европски земји, меѓу кои и Германија, се противат на тоа и наместо тоа ги повикуваат САД да ги отстранат трговските бариери кои се сметтат за главното „тесно грло“ кое пречи на поголемото производство на вакцините.

За да го прошири синџирот на снабување, ЕУ ќе најави формирање најмалку три производствени центри во Африка, а произведувачите на вакцинтие, меѓу кои и американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“, ќе објави големи пратки на вакцината за посиромашните земји по производствена цена зза да се исправи глобалната неранотежа.

Во петокото Сојузот за вакцини GAVI соопшти дека се согласил да купи 200 милиони дози од вакцината на „Johnson&Johnson“ за да се намали големиот недостиг во програмата за распределување на вакцините. До крајот на годината, рече шефицата на ЕК, фон дер Лејен, ЕУ на најсиромашните ќе им донира најмалку 100 милиони дози од вакцините против коронавирусот.

Како што се очекуваше, светските челници генерално ја препознаа важноста на стратегијата позната под називот cess to COVID-19 Tools Accelerator (ACT-A), шема на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), според којашто вакцините, лековите и тестовите ќе станат достапни за сиромашните земји.

Меѓутоа, спротивно од почетните очеквуања, не е изгледно дека целосно ќе се обврзат да ја финансираат оваа програма на коајшто сѐ уште ѝ недостигаат 19 милијарди американски долари за да ја исполни својата цел. Една од опциите за која може да се заложат челниците на Г20 е богатите земји да ги отстапат вишоците од вакцините. Распределбата на донираните дози од вакцините би можело да се реализира со посредство на глобалната иницијатива COVAX која ја води СЗО.