Кина е подготвена за зајакнување на соработката со руската армија

Кинеската армија е подготвена да ја зајакне соработката со руските вооружени сили во согласност со договорите постигнати меѓу челниците на двете земји, изјави во четвртокот на брифинг за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Тан Кефеи.

„Кинеската армија е подготвена да вложи напори заедно со руската армија за целосно спроведување на консензусот постигнат од лидерите на двете држави, за дополнително зацврстување на стратешката координација и комуникациите (….) продлабочување на меѓусебната доверба во воената сфера“, рече Тан.

Додаде дека Кина е подготвена да продолжи да ги спроведува со Русија заедничките поморски и воздушни патролирања и воени вежби. Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана оцени дека односите меѓу Пекинг и Москва не се во смисла на нивото во сна воено-политички сојуз од периодот на идеолошката блоковска. Студена војна од минатиот век.

„Кинеско-руските односи (…) го надминуваат овој модел на државни односи“, додаде Тан Кефеи појаснувајќи дека станува збор за неприклучување на блокови, односно за отсуство на конфронтирање, како и дека меѓусебната соработка не е насочена против трети земји.

„Кинеската војска е подготвена заедно со руската да ја заштити меѓународната правда и правосудството“, заклучи портпаролот на кинеското Министерство за одбрана на брифингот во Пекинг.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг беше во државна посета на Русија од 20-ти до 22-ри март, на неговото прво патување во странство откако беше реизбран на највисоката функција во земјата. Во Кремљ беше примен од Владимир Путин, со кого одржаа неформални разговори, како и официјална средба со учество на делегации.

Во заедничката изјава на Путин и Кси се нагласува дека Русија и Кина меѓусебно се сметаат за приоритетни партнери, „покажуваат почит еден кон друг и комуницираат на еднаква основа, претставувајќи модел на односи меѓу големите држави во модерен свет“.