Кина е ривал способен да го промени светскиот поредок, оценуваат во САД

САД гледаат на Кина како свој единствени соперник, кој не само што има намера да го промени постојниот светски поредок, туку гради економска, дипломатска, воена и технолошка сила за постигнување на таа цел, истакна во изјава во четвртокот заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.

„Кина е нашиот единствен ривал кој е решен да го промени меѓународниот поредок и станува сѐ повеќе економска, дипломатска, воена и технолошка сила за да успее во (постигнувањето) на оваа цел“, објави Пател во писмена изјава.

Во контекстот на истата тема, претходно заменичката на државниот секретар Венди Шерман вети дека САД ќе продолжат да одржуваат отворени линии на комуникација со Кина и да ги развиваат билатералните односи во 2023 година, врз основа на резултатите од разговорите на двајцата челници остварена на ноември на маргините на самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали. Додаде дека Вашингтон и Пекинг треба да работата заедно „за благосостојбата“ на луѓето ширум светот.

Разговорите на Бали беше првата директна средба на американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Кси Џипинг, откако Бајден влезе во Балата куќа, и како што беше известено тогаш траеле повеќе од три часа. Според објавите, двајцата челници на двете водечки светски економии ги оцениле билатералните разговори на Бали како конструктивни и искрени, дале инструкции за спроведување на постигнатите договори и за одржување на контактите.