Кина: Филипински брод „намерно се судри“ со кинески брод во Јужното Кинеско Море

Кинеската крајбрежна стража соопшти дека филипински брод „намерно се судрил“ со кинески брод на „непрофесионален и опасен“ маневар во спорните водини на Јужно Кинеско Море и покрај предупредувањата во понеделникот, а Филипини ѝ порачаа на Кина дека нивните потези да ги потврдат своите права во спорниот водите не билепровокативни.

Кратката снимка од инцидентот објавена на социјалните мрежи од кинеската крајбрежна стража покажува дека судирот се случил околу 03:24 часот по локално време во понеделникот. Во соопштението, поморската безбедносна служба на Кина соопшти дека истиот филипински брод влегол во водите во близина на Вториот Томаов гребен, откако бил спречен да влезе во водите на гребенот Сабина.

Два брода на филипинската крајбрежна стража „нелегално влегле“ во водите во близина на гребенот Сабина без дозвола во раните утрински часови во понеделникот, изјави портпаролот на кинеската крајбрежна стража Ган Ју. „Филипините постојано провоцираа и предизвикуваа инциденти, ги прекршија привремените договори меѓу Кина и Филипините“, додаде Ган.

Кинеската крајбрежна стража соопшти дека презела законски мерки против филипинските бродови поради инцидентот во понеделникот и ги предупреди Филипините „веднаш да престанат со прекршувањата и провокациите“ или „да ги сносат сите последици“.

Потезите на Филипините да ги задоволат своите права во Јужното Кинеско Море не се провокативни, изјави во понеделник Џонатан Малаја, портпарол на Советот за безбедност на земјата. Манила набргу потоа соопшти дека два филипински брода биле оштетени откако се судриле со кинески бродови кои правеле „нелегални и агресивни маневри“ во близина на спорниот гребен во Јужното Кинеско Море.

Кина и Филипините постигнаа „привремен договор“ во јули по повторените тензии во близина на Вториот Томасов гребеб. Западните земји силно ја критикуваа Кина за „агресивно блокирање“ на напорите на Филипините за снабдување на морнарицата што оваа земја намерно ја насука таму пред 25 години. Пекинг полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море, вклучително и двата спомнати гребена, отфрлајќи ја пресудата на Постојаниот арбитражен суд во Хаг од 2016 година дека обемните барања на Пекинг немаат основа според меѓународното право.

Кина и Филипини имаат неколку големи спорови во Јужното Кинеско Море, во прв ред околу суверенитетот над спорните води околу атолот Вториот Томасов гребен, дел од архипелагот Спартли.

САД и Филипини неодамна договорија нови насоки за нивниот договор за заемна одбрана од 1951 година. Насоките сега прецизно наведуваат дека обврската за заемна одбрана ќе бидат активирани во случај на вооружен напад врз која и да е од двете земји „каде и да е во Јужното Кинеско Море“.

Меѓу Кина, од една страна, и американските регионални сојузници Јапонија, Виетнам, Филипини, од друга страна, постои спор во врска со поморските граници и зоните на полагање право во Јужното и Источното Кинеско Море низ кои се одвива поморски товарен сообраќај во износ од 5 билиони долари годишно. Кина архипелазите Ксиша и Нанша (Спартли), на кои претензии имаат и другите земји, ги смета за свои територии и предупреди дека нејзините активности на островите и околните води се целосно легални и потпаѓаат под кинескиот суверенитет.

САД ја обвинуваат Кина дека гради вештачки острови и гребени, како и дека на тој начин ги проширува своите територијални води што ќе ѝ овозможи контрола над областа. Пекинг ги отфрла овие обвинувања, тврдејќи дека историски полага суверенитет над овие архипелази, за кои се проценува дека, исто така, кријат големи резерви од енергенси и минерали.